Од селата Габрово и Град, преку најпознатото делчевско маало Расадник, па се до селото Бигла, од година во година се плетат приказните на делчевските иселеници кои во месец август одморот го користат за посета на родната грутка.
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга од 10-ти до 12-ти овој месец ќе се одржи Меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери 2018“, на кој ќе учествуваат пејачи, инструменталисти, танчери и други уметници од целиот свет.
Во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ) од Гостивар и околината на ходочастието ќе одат 82 лица, а уште 86 лица ќе одат преку агенции.
Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, информира АМСМ.
Кучиња скитници ја загрозуваат безбедноста на стружани и туристите. Во глутници по неколку може да се забележат низ најфреквентните улици и чаршијата.
Со панихида што ја отслужија свештеници од тетовското архиерејско намесништво на МПЦ – Охридска архиепископија како и со полагање на венци и букети цвеќе на спомен плочата посветена на 10 те загинати припадници на АРМ од Прилеп денеска во месноста Карпалак на автопатот Тетово Скопје беше одбележана 17 годишнината од нивното загинување.
Кавадаречката полиција од општа надлежност вчера спроведе акција за почитување на забраната за продажба на алкохол на малолетници.
Во Струмичко почна бербата на пиперката „ајварка“ од сортата „куртовска капија“. Откупната цена за прва класа е 18 денари за килограм.
Денеска се празнува Света преподобна маченица Параскева-Света Петка, 8.VIII/26.VII.