Во просториите на Локална установа Градски музеј, Крива Паланка синоќа се одржа едукативна работилница за репродуктивното здравје на жените во организација на здружението „Агропаланчанка“.
Заморот се смета за една од петте фатални причини за сообраќајни несреќи. Дваесет отсто од сообраќајките што се случуваат на патиштата се поради заморот на возачите.
Бугарија лани ја посетиле 583.026 македонски граѓани, а 396.450 Бугари престојувале во Македонија, покажуваат податоците на Бугарскиот национален статитички институт.
Десеттата Летна школа за изучување мајчин јазик, проект на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, отворена е вчера во просториите на Конгресниот центар во Охрид.
Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јули се бележи денеска на реката Вардар кај Јегуновце, Зајчев рид во Скопје, кај Велес, Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, како и на Брегалница кај Берово и Штип и на Црна река кај Новаци.
Во просториите на локалната самоуправа на општина Крива Паланка ќе биде отворена истурена канцеларија на Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
„Илинденскиот марш 2018“ денеска ќе стартува во 17 часот од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, која традиционално е покровител на овој коњички марш. Ќе заврши на втори август во Крушево, каде коњаниците треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Секторот за даноци и такси од општина Куманово ги доставува годишните решенија за данок на имот и на физичките и правните лица, соопштија денеска одговорните од секторот. Доставувањето на решенијата за правните лица е веќе завршено.
Дваесет основци од Кавадарци утре заминуваат на бесплатен летен камп во одморалиштето Михајлово. Шеста година по ред општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци организира ваква награда за ученици со понизок економски статус на нивните семејства.
Прилепската локална самоуправа апелира до стопанските субјекти во општината што поскоро да ги внесат своите податоци во анкетните листови (енергетска картичка и топлински трансформации), поставени на веб-страницата на општината. Тоа се анкетни листови кои стопанствениците треба да ги пополнат за да се утврди трасата во проектот „Гасификација на Прилеп“.