Почитувани локална власт на чело со градононачалникот Јован Стојаноски води сметка за сите жители на Општина Охрид, а со тоа и за жителите на стариот дел од градот .Со надеж дека ќе Ви стане јасно и нема повеќе да ширите невистини уште еднаш повторуваме дека редуцираниот сообраќаен режим во старото градско јадро е донесен врз основа на три основни елементи.
Водата за пиење од крајпатната чешма во населеното место Ѓумушица, кај Прилеп, не е исправна и не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје.
Едукација и подигнување на свеста за безбедно и одговорно патување во текот на летото и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив е целта на едукативната кампања „Не летај, летувај“, што ќе се реализира во следните два месеци од страна на Министерството за внатрешни работи и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Скоро трипати повисок од јулскиот просек е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.
Манифестацијата ќе започне денеска со положување цвеќе на Споменикот на децата бегалци, на гробот на Гоце Делчев во црквата Св.Спас и пред споменикот на Лазо Ангеловски во истоименото основно училиште денеска во Скопје ќе започне
Македонската развојна фондација за претпријатија организира информативните средби за земјоделците што ќе се одржат денеска во Ресен и Охрид.
На Форумот ќе се обратат заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада и меѓународниот лидер на програмата Цивика мобилитас Петруш Тоинес.
Основниот суд во Струмица го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство во Струмица за продолжување на притворот за уште 30 дена за обвинитетите лица за криумчарење цигари, меѓу кои е и градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев. Тие досега издржуваа притвор во траење од осум дена.
Глигоров е несомнено еден од великаните на современата историја на Македонија и на вековниот стремеж на македонските граѓани за самостојност, истакна премиерот Зоран Заев во својот говор на денешното свечено отворање на Спомен собата на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров во Штип.
Со концертот на „Бенсман Саксафон квартет“ од Германија, вечерва во 20 часот, во големата сала на Општина Велес ќе започне манифесатцијата Велешко културно лето.