Со концертот на „Бенсман Саксафон квартет“ од Германија, вечерва во 20 часот, во големата сала на Општина Велес ќе започне манифесатцијата Велешко културно лето.

На програмата се дела од: Шахов, Николовски, Бенсман, Сметана и Пјацола.

Влезот за сите љубители на класичната музика е бесплатен, а го обезбедува покровителот на манифестацијата, Министерството за култура на Република Македонија во соработка со Општина Велес.

Велешко културно лето годинава ќе понуди повеќе разновидни културни настани.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 15:30