Водата за пиење од крајпатната чешма во населеното место Ѓумушица, кај Прилеп, не е исправна и не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје.

Оттаму информираат дека Центарот за јавно здравје од Прилеп врши редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде нема водоводи со кои, пак, стопанисува Јавното-комунално претпријатие „Водовод и канализација“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 12:23