Почитувани локална власт на чело со градононачалникот Јован Стојаноски води сметка за сите жители на Општина Охрид, а со тоа и за жителите на стариот дел од градот .Со надеж дека ќе Ви стане јасно и нема повеќе да ширите невистини уште еднаш повторуваме дека редуцираниот сообраќаен режим во старото градско јадро е донесен врз основа на три основни елементи.
Првиот основ е изработената микро студија за сообраќај во централното градско подрачје која покажа дека мрежата на улици во старо градско јадро не поднесува таков обем на сообраќај и мора да се редуцира.
Вториот основ е барањето содржано во извештајот на реакторинг мисијата на УНЕСКО според кое мора да има редуцирање на сообраќај во старо градско јадро како еден од условите Охрид да го задржи статусот во оваа светска организација за заштита на природното и културно наследство.
Третиот основ е барањето на жителите од стар град да се воспостави нормален режим на сообраќај .
Критериуми за добивање на магнетна картичка за движење со возило во стариот дел од градот се следни: Магнетни картичка може да добие секое лице кое живее во стариот дел од градот и поседува лична карта со живеалиште на тој дел и има возило со сообраќајна дозвола на свое име .
-Ако лицето живее на друго место, а има имот во стариот дел од градот со имотен лист и сообраќајна од возило на негово име го следува картичка за движење со возило во стариот дел од градот. -За сопствениците на апартмани и мотели ако во проектот на изградба на истиот во градежна парцела е исцртани паркинзи за секој таков го следува магнетна картичка .
Актуелната локална власт се надева дека со редуцираниот сообраќаен режим во стар град ќе бидат задоволни жителите на овој дел од градот, охриѓани од поширокото градско подрачје, релевантните институции кои работат на заштита на старото споменично градско јадро и туристите. Станува збор за сообраќаен режим кој многу одамна е спроведен и одлично функционира во Светски туристички центар со стари градски јадра.