Во организација на општина Велес денеска со рекреативно возење на велосипеди, ролери и други алтернативни превозни средства од плоштадот „С’рмаале“ до Младинскиот парк се одбележа светскиот Ден без автомобили.
Во средното училиште „Миле Јаневски - Џингар“ во Македонска Каменица во тек се градежни активности за поставување украсна заштитна ограда во должина од 90 метри.
Општина Виница инвестира над 1,3 милиони денари за изградба на потпорни ѕидови на улицата „Иво Лола Рибар“, која е една од главните во Ромското маало. Средствата се обезбедени преку програмата за имплементација на Стратегијата за Ромите во Македонија, а дел од работите се изведуваат и со сопствено учество.
Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност, денеска стотина млади од Куманово возеа велосипед низ централните градски улици. На овој начин апелираа до сограѓаните повеќе да користат велосипед и да одат пеш.
По повод големиот христијански празник, Рождество на Пресвета Богородица, во познатиот манастир „Света Пречиста Кичевска“ чиј патрон е Мајката божја, со монашки постриг беа благословени две искушенички од монашкото сестринство.
Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност, денеска во Гевгелија се одржа манифестацијата „Ден без автомобили“ со дефиле на велосипедисти. Поголемиот дел од учесниците беа ученици од двете основни училишта во градот на кои им се приклучија и граѓани од општината.
Во тек се работни акции за чистење на градот Берово. Во последната активност што се спроведува со вработените во АД „Водостопанство“ се врши чистење на потоците на територија на оваа општина. Вработените активно се вклучија во помагање на фирмата што е ангажирана за чистење на Ормански поток и потoкот Манакија.
Под мотото „Немаш уште еден живот, научи прва помош“, Црвениот крст на Република Македонија денеска на градскиот плоштад во Кичево го организира 27-от Државен натпревар по прва помош.
Како што царот на Струмичкиот карневал секоја година објавува дека може да почне карневалот, така, неофицијално, на почетокот на септември низ струмичките дворови чадот од печките за печење пиперки и мирисот на пржениот ајвар ја најавуваат сезоната на подготовка на струмичкиот кавијар.
Преку 100 килограми грав и 100 килограми домашна алва ќе се подготвуваат денеска во селото Теарце на манифестацијата 9. Денови на гравот.