Кавадаречката полиција со превентивна акција денеска ги едуцираше кавадарчани да се заштитат од кражби. На случајните минувачи им беа делени флаери со испишани совети како да се заштитат од провални и џебни кражби.
Врвни светски готвачи – шефови со Мишелин ѕвездички се дел од манифестацијата „Охрид гастро тур“ што викендов ќе се одржува во градот со цел подигнување на квалитетот, освежување на гастрономската понуда во охридските ресторани и угостителски објекти, индиректно и на севкупната туристичка понуда на Охрид како наша најпозната дестинација.
Претставници од Здружената Опертивна Команда (ЗОК) предводени од бригадниот генерал, началник на штаб, Орце Јордев, денеска донираа училишен прибор на учениците со интелектуална попреченост во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“. Донацијата се реализира во пресрет на одбележување на Денот на Здружената оперативна команда 17-ти октомври.
Општина Крушево организирано се подготвува и годинава за заеднички пречек на маратонците кои ќе трчаат во чест на Тоше. Маратонците трчаат од Нова Градишка, Хрватска каде во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година трагично го загуби животот нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Во Крушево тие треба да пристигнат во вторник на 16 откомври на денот кога загина Тоше.
Дирекцијата за заштита и спасување, од локација кај спортската сала во близина на центарот во Крива Паланка, дислоцираше четири парчиња минофрлачки гранати од Втората светска војна, со калибар од 60 милиметри.
Кумановската касарна денеска го одбележа патрониот празник, 77 години од загинувањето на народниот херој, Боро Менков, чие име го носи касарната.
Со пресекување на џиновските сомун и татлија попладне во Радовиш ќе биде означен почетокот на шестата традиционална манифестација „Сомун ем татлија“.
На граничниот премин Делчево е забележана зголемена фреквенција на возила, а надлежните очекуваат ваквата состојба да продолжи и следните денови поради вчерашниот празник и поврзувањето со викендот.
Во Струмица вечер почнува дводневниот научен симпозиум за Источно-црковно пеење. Ќе се одржи во храмот „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченци“, а е во организација на НУЦК „Антон Панов“ и Струмичката епархија.
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу попладне во Стар Дојран, заедно со претставникот на управувачката структура за имплементација на Програмата за прекугранична соработка со Грција, Александрос Самарас и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, ќе учествува на манифестацијата Европски ден на соработка 2018 година.