Во поширокиот Дебарски регион денеска во 11:02 часот е почувствуван земјотрес кој ги вознемири жителите. Оние кои живеат во повисоките станбени објекти ги напуштија домовите.
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа за МИА дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на 170 километри западно од Скопје, во соседна Албанија.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ќе ги промовира резултатите од твининг проектот „Натамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”.
Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија денеска ќе организираат свечена церемонија за прием на 125 професионални војници во редовите на Армијата.
Во американскиот град Лас Вегас, каде од 29 јуни до 4 јули се одржува 101-та Интернационална конвенција на лајонс клубовите од светот, денеска посебен промотивен настан приредија членовите на македонската делегација предводени од Соња Бојаџиева, прв човек на македонските лајонси.
Ова го истакнал министерот за образование и наука Арбер Адеми на дводневната регионална конференција во Берлин посветена на промените во областа на стручното и техничкото образование во земјите од Западен Балкан, организирана од Германското федерално Министерство за економска соработка и развој и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).
Во Прилеп денеска е пуштена во употреба пречистителна станица која ќе одговори на потребите на 95.000 граѓани, инвестиција од 50 милиони евра, обезбедени од Европската унија, од каде се одвоени и 3,5 милиони евра за изградба на ИКТ-центарот за потребите на МВР за складирање дата податоци при катастрофи.
Во Kлиничкатa болница се уште не се пристигнати извештаите од Комисијата за здравство и од Судска медицина, со кои што ќе се утврди и ќе се знае кои се причините за смртта на 28-годишната родилка Маја Паневска од Свети Николе.
Со црковно народен собир денеска беше одбележан празникот летен свети Наум Охридски-Чудотворец во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола ги објави конкурсите за втор и трет циклус студии во наредната академска година.