Со одлука на општинскиот совет, денеска во Велес е Ден на жалост поради погребот на трите деца што завчера го загубија животот во пожар во семејната куќа во високиот дел на градот на ридот Вршник.
Семинар за подобрување на пристапноста во музеите „Музеј за сите“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) и НУ Музеј на македонската борба.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 9-ти јули 2018-та година, а доколки има помалку средства од поднесените барања предност ќе имаат оние кои први аплицирале.
Директори на повеќе основни и средни училишта во Гостивар ја обвинија локалната самоуправа дека општината не ги префрлила парите за тековно одржување на објектите и дека заради тоа неколку се исклучени од електричната мрежа.
Намалување на трошоците за правните лица во општина Пробиштип за користење на простор пред деловните простории за 40 отсто и зголемување на платите во ЈКП „Никола Карев“ - Пробиштип за 11,11 отсто се одлуките кои што советниците на Советот на Општина Пробиштип ги донеса на единаесетата редовна седница, а на која беа разгледани 13 точки.
Ромскиот едукативен фонд (РЕФ) од Будимпешта и Министерството за образование и наука ќе продолжат да обезбедуваат финансиска стимулација и менторска поддршка за учениците од ромската етничка заедница во Република Македонија.
- Над се се и новите законски одредби кон кои се прилагодуваат превозниците, а налагаат нови фискални каси што значи и нови трошоци, рече претседателот на Здружението Јоце Каров.
Штип во изминатите два дена беше Европа во мало. Седуммина градоначалници и нивните делегации од Бугарија, Полска, Шпанија, Италија, Португалија, Романија и Македонија дебатираа за придобивките од Европската унија во рамки на проектот„ Обновена Европа“.
Колку говорот на омраза е присутен во јавноста и на социјалните мрежи, како да се препознае и кои се законските процедури да се пријави и санкционира, се прашањата што ги отвори денешната дебата во Куманово, организирана од Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД).
Спортската сала „Младост“ во Гостивар од денес е без снабдување со електрична енергија, откако ЕВН ги исклучи од напојувањето заради неплатени сметки.