Жителите на населбата Блок четири од Тетово денеска протестираа пред општината, поради неотворање на патот кој се бара веќе 20 години од страна на овие жители.
Со законските измени процедурата е поедноставена, а електронското полагање кое досега беше само во Скопје, се укинува. Полагањето од сега ќе се одвива низ цела Македонија.
Во организација на Здружението на спортски риболовци „Костреж“ од Богданци, утре и задутре на браната „Паљурци“ ќе се одржи второто интернационално крапско дружење на кое ќе учествуваат повеќе од дваесет екипи од Србија, Бугарија и Македонија.
Домашното магаре во Македонија е загрозен вид и полека изумира, додека околните земји од него прават сериозен бизнис.
Се работи за едукативен музички перформанс за развојот на музиката низ вековите, чија цел е мултикултурно и мултиетничко соединување на народите. Ќе учествуваат ученици од различни културни и етнички групи.
Дебарската територијална противпожарна единица, која интервенира во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше, односно подрачјето на Река, во изминатиот период имала помалку работа во споредба со истиот период лани.
Министерството за внатрешни работи ќе добие донација од Чешката Република за зголемување на капацитетите на македонската полиција.
Вкупно 118 ученици од основните и средните училишта во Тетово денеска добија признанија како благодарност од општината за освоените награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари во оваа учебна година.
За таа цел во Белград се одржува регионална конференција “Иднината на државите на благосостојба на Западниот Балкан“, на која учествува и минисерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Да се запре со кревањето паника и страв во однос на бездомните кучиња во Прилеп, како и информациите за епидемија од лајшманиоза во општината и најавите за убивање на бездомните кучиња во градот, стои во реакцијата на невладината „Анима Мунди“