Општина Битола и НВО Инфоцентар-Скопје, организираа инфо-настан за искористеноста на ИПА-фондовите од страна на локалната самоуправа.
Вкупно 43 прекршоци од мотоциклисти биле откриени од полицијата при вчерашните контроли спроведени во тетовско - гостиварскиот регион, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Објектот во Тетово во кој требаше да се отвори казино за што на 4 мај се протестираше против таа одлука, нема да се отвори, информираа на денешната прес конференција од движењето против обложувањето во Тетово за одлуката на надлежниот Управен суд.
Се навршуваат 105 години од конференцијата одржана во кавадаречкото село Бегниште, на која била донесена одлука за Тиквешко востание. За ова денеска потсети историчарот Петре Камчевски.
Во шеесет и петтата година од животот во селото Леска, Мала Преспа, денеска почина Спасе Мазенковски, голем македонски патриот, писател, новинар и публицист и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија.
Не сакам да работам во канцеларија или фабрика, најубаво ми е кога извршувам земјоделски работи, вели неготинката Лилјана Вучкова.
„Во чекалницата на слободата" од Сашо Орданоски, на 440 страници, „Рафал" од Џабир Дерала и „Неправда и немир" од дваесетина авторки и автори на Цивил со по 280 страници ќе овековечат еден тежок и неизвесен период за Македонија.
Годишната конференција на ИПА2 механизам за граѓански организации ќе почне денеска во организација на Евротинк - Центар за европски стратегии.
Панел дискусија на тема „Поефикасно комуницирање со граѓаните преку дигиталните медиуми“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за комуникациски студии.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, денеска во Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза.