Студенти, средношколци и невработени од Штип денеска учеа како да почнат сопствен бизнис. Истражувањата на терен покажуваат дека кај младите постои страв за да почнат со сопствен бизнис и за нив е табу тема.
Гостиварската локална самоуправа започна процедура за изградба на комплекс за забава со аква парк. Новото забавно катче треба да никне покрај десниот брег на Вардар во населбата Дутлок.
Членовите на Форумот за демократска Македонија, заедница на иселеници во просториите на СЈО се сретнаа со Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Пред само еден месец реконструираната рекреативна патека долж Дојранското Езеро како и плажите, повторно се под вода поради покачувањето на нивото на водата од последните врнежи од дожд.
Нивото на Охридско Езеро е 19 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека на Дојранското Езеро е 15 сантиметри повисоко.
- Непостоењето слободна економска зона, де факто ги дестимулира инвеститорите, било да се домашни, странски, па и оние од дебарската дијаспора да инвестираат во Дебар.
Поради зголемена фреквенција на возила попладнево на граничните премини Богородица и Дојран, на македонско-грчката граница, за влез во држава се чека половина до еден час.
Традиционалното 37-мо искачување на „Титов Врв“ во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по маркираната патека „Вакуф“ почна утрово во 6:30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“ и се очекува пешачењето до највисокиот врв на Шара да трае околу четири до 4,5 часа.
Непознати сторители напишале погрдни графити на спомен плочата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Куманово.
Во Скопје пристигна ЕУ-автобусот кој е дел од Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход во која е вклучена и Македонија. Целта на кампањата е донесување закон за минимален приход во Македонија заради поквалитетен живот на луѓето и нивно извлекување од сиромаштијата.