Серија земјотреси во охридско преспанскиот регион регистрираше по полноќ Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентрите на земјотресите биле на 85 километри југозападно од Скопје и потекнуват од епицентрално подрачје Дебарца.
Тројца планинари од Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“, Крива Паланка се искачија на врвот Атос на Света Гора, во Грција, висок 2.033 метри.
Членови на Советот на Општина Охрид, вработени во Заводот за кардиоваскуларни заболувања, како и активисти на „Лајонс“ и „Ротари“ клубовите од Охрид прифатија покана активно да бидат вклучени како волонтери задолжени за освежителните станици.
Со пристигнувањето на автобусот на ЕУ, кој тргна од Брисел и ќе посети земји членки и земји кандидати за членство, беше означен почетокот на кампањата со потпишување на автобусот и петиција за донесување закон за минимален приход во Македонија.
Регионалниот еколошки центар “Еко-живот” од Кавадарци ќе направи се што може, за да не дозволи уште една Г-1 индустрија во Кавадарци, рече денеска во изјава за МИА, неговиот претседател Роберто Паризов.
Членовите на здружението „Јосип Броз Тито“ од Кочани по осми пат го одбележаа 25 Мај, Денот на младоста и роденденот на нивниот патрон.
Моторциклистите од Меѓународната полициска асоцијација кои се наоѓаат на тура низ Македонија денеска ќе возат низ Охрид и долж источното крајбрежје на Охридското Езеро.
Водостоите на реките во Македонија се во рамките на просекот за мај и главно се зголемени во однос на вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-Нашиот став е дека местото на Цар Самоил е во Охрид и затоа имаме намера во понатамошниот дел, до завршувањето на ревизијата, да побараме тој споменик да биде дислоциран во Охрид. Да почекаме и очекуваме во скоро време позитивен исход, рече Стојановски.
Човекот тоа го направил од револт кон градската власт, која вчера и денес спроведува акција за отстранување на тезгите од центарот на Охрид.