Затнување на еден од каналите за отпадна вода од поранешниот текстилен комбинат „Македонка“ е причина за загадувањето на Брегалница што се случи кон крајот на април.
Штип го намалува долгот за бесплатниот превоз на ученици од соседните општини, но поради високите цени кои ги нудат транспортните фирми тендерската постапка е поништена.
Чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона е целта на големата еколошка акција „Мој Охрид, чист Охрид“ што на 9 јуни ќе се спроведе на пошироката територија на градот и долж крајбрежјето на Охридското Езеро.
Тимот на македонски и странски архитекти предводен од архитект Сара Симоска во втората фаза на конкурсот „ДОМ Русија“ за стандардно домување го освои второто место во категоријата Централен модел (розова боја).
Нивото на Охридското Езеро е 20 сантиметри над дозволениот максимален водостој, а на Дојранското Езеро е 11 сантиметри над договорениот водостој, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Невремето што синоќа го зафати регионот на Росоман проследено со град направи штета на грозјето и парските.
Се ситни бројот на македонски ученици во училиштето во Долна Горица, општина Пустец од Албанија, во кое учат деца од четири села. Ова го раскажува директорката Крисанда Јанкула.
Десетте реновирани железнички станици во Македонија, по линија на Паневропскиот коридор 10 и кракот 10-д, ќе бидат промовирани денеска во Велес, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“ за промоција на инвестициите на ЕУ во Македонија.
Во измените и дополнувањата на Законот за ловство во делот на глоби покрај за ловџиите предвидени се казни и за концесионерите и за правните лица кои се занимаваат со оваа дејност. За нив глобата изнесува до 5.000 евра во денарска противвредност.
Во врска со решавањето на проблемот со линданот во АД Охис - Скопје, Владата на денешната седница формираше работна група која во рок од три месеци треба да ја информира за можните решенија на овој проблем.