Петмина студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) освоија прво место на натпреварот ICAMES 2018 (International cultural and Academic Meeting of Engineering Students), организиран од Универзитетот Богазичи во Истанбул.
РСБСП упатува апел и до родителите да покажат повисоко ниво на свест и поголема општествена одговорност со тоа што нема да им дозволат на своите деца да одат на матурската прослава со семејниот автомобил, ниту да дозволат да бидат возени од друг матурант.
Во работата на СОС-телефонот, прецизираат, е вклучен мултидисциплинарен тим составен од психолози, социјални работници, педагози, новинари и адвокати, како и различни возрасни категории волонтери.
- Почнуваме со увид во состојбите во Струмица, затоа што оваа програма ги надмина нашите очекувања и за само два месеца се вклучени 700 лица во трите градови, од кои 123 веќе се во работен однос, рече министерката за труд и социјална политика.
Министерството за транспорт и врски, по анализи што ќе ги изработат повеќе институции и општините, до Владата треба да достави акциски план за подобрување на состојбата на општинската патна мрежа.
Во текот на попладневните и вечерните часови како резултат на циклонска активност на територијата на Македонија се најавуваат локални врнежи дожд кои на места ќе бидат со умерен до засилен интензитет и ќе бидат позастапени во западните и северните делови од земјата.
Започна вториот циклус бесплатни обуки за Java програмери и софтвер тестери, едни од најбараните профили на пазарот на трудот во ИТ индустријата.
Случајот на Карев најверојатно конечниот епилог ќе го добие на 29 мај за кога судијката закажа рочиште на кое ќе бидат кажани завршните зборови од обвинителството и одбраната.
Раководители и претставници на регулаторните тела за електронски комуникации, оператори и субјекти од областа од државите во регионот учествуваат во работата на годишната Меѓународна конференција што во организација на Агенцијата за електронски комуникации од денеска се одржува во Охрид.
Жителите на бањичкиот регион, пред премиерот Заев, како што информираат од владината служба за информирање, ја потенцирале потребата од итно и неодложно решавање на проблемот со депонијата во Русино (гостиварско) која е сериозна закана по здравјето на жителите и земјоделските производи во тој регион.