Вкупно 44 електрични болнички кревети и дополнителна медицинска опрема денеска доби градската болница „Борка Талески“ од Прилеп.
Дваесетина пчелари од Здружението за пчелари „Пчела“ од Крива Паланка на теренска работилница во пчеларници во село Градец денеска се обучуваат како да ги применат современите техники на производство на матичен млеч и останати пчелни продукти.
Нивото на Охридско Езеро е 23 сантиметри над дозволениот максимален водостој, а нивото на Дојранското три сантимери.
Во 2017 година со вкупно 2.496 патнички такси автомобили се превезени 31.182.000 патници од кои 28.278.000 во градскиот и 2.904.000 во меѓуградскиот превоз.
Во насока на заштита и одржливо управување со природните ресурси, утре во Охрид ќе се одржи иницијалниот состанок од активностите насочени кон изработка на Планот за управување на сливот на Охридско Езеро.
Во пресрет на летната туристичка сезона, клубот за подводни дејности „Охрид“ денеска почна со чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад на потегот од градското пристаниште до Канео.
Во Мариово денеска и утре по 7-ми пат се одржува аутдор-фестивалот „Mariovo Off Road Experience“ во организација на здружението „Вело Европа“ од Скопје. Велосипедистите од цела Македонија во две трки ќе уживаат во природата на Мариово.
Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“-Битола го одржа 29-тиот планинарски марш кој секоја година се одржува во чест на првиот Македонец што го освои врвот на светот – Монт Еверест (8.848 метри).
Соголени најмалку два квадратни километри шума (колку од Карпош 4 до Центар) од 2000 до 2013 година, пробиени патишта за моторни возила, куп депонии од несовесни граѓани, нелегална сеча, криволовење дивеч, прекумерно берење лековити и ароматични растенија.
Амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли денеска ја посети општина Битола и оствари работна средба со градоначалничката Наташа Петровска, која ги претстави потенцијалите на градот, развојот на туризмот, индустријата, малите и средните бизниси и инфраструктурата.