Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски ги отфрли шпекулациите дека ќе поднесе оставка и информира дека останува на функцијата.
На Прилеп му е потребно полициската станица да прерасне во Сектор за внатрешни работи и се надевам дека тоа ќе се случи следната година, изјави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски при посетата на прилепската полициска станица четитајќи им го на вработените Денот на полицијата, 7 Мај.
Првите холандски туристи во летната сезона во Македонија слетуваат утре со туроператорот Корендон на охридксиот аеродром. Чартер-летовите на релација Амстердам-Охрид-Амстердам, ќе траат до 16-ти октомври оваа година.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска упати апел до пешаците за нивно одговорно учество во сообраќајот и ги потсетува дека, внимателното учество во сообраќајот не е грижа само на возачите, туку и на пешаците.
Нивото на Охридско Езеро е 22 сантиметра над дозволениот максимален водостој, додека Дојранското Езеро бележи зголемување за два сантиметра.
Двајцата ученици од неготинската гимназија кои доцнеле на екскурзијата во Италија поради тоа што се успале, па биле оставени и не ја посетиле Франција, си ја признале грешката.
Благодарениe на совесните лoвечки друштва, Шар Планина станува се поголем дом на се повеќе мечиња.
Во организација на локалната самоуправа, во паркот Шопен најголемиот пролетен празник се чествуваше со богата културно-забавна програма. Симболично со празникот кој се идентификува со раѓањето и будењето на пролетта, акцентот беше ставен врз најмладите.
Во општина Кисела Вода денеска се одржа голема акција за расчистување на јавните површини и дивите депонии. Како што соопшти општината, собрани биле повеќе од 30 тони отпад.
Преку 60 болдеристи од земјава и од Словенија, Германија, од Австрија викендов учествуваат на осмиот „Крали Марко“ - болдеринг фестивал во Прилеп. Тие ги искачуваат карпите кај Марковите Кули, особено познатата дестинација, карпата „Камена Баба“.