Извештајот е изработен согласно одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, која се однесува на состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион.
Институтот за македонска литература денеска организираше трибина „Критиката - актуелни аспекти“ која е надоврзување на нивниот симпозиум од 2016 година во МАНУ.
Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација, изјави дека ќе ги радикализираат протестите и оти следната недела ќе протестираат пред Владата. Истовремено бараат средба со премиерот Зоран Заев и оставка од раководството.
На денешната прес-конференција во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ”, портпаролот на општина Гостивар, Јасин Демири, преку службени документи обелодени случаи на флагрантни прекршоци во сферата на урбанизмот од страна на поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.
Бројот на регистрирани случаи е повеќекратно повисок споредено со седмата недела од минатата сезона која се одликуваше со ран почеток. Се регистрира лесно зголемување од 15 отсто споредено со очекуваната инциденца на грип за оваа недела.
Надлежностите му се одземени во период од девет месеци. Како причина се наведува тоа што Таравари разрешувал и именувал директори надвор од законската постапка.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев по средбата со Герберих информираше дека е разговарано за економијата, политичката состојба и за општината.
Дванаесет планинари од Струмица, Радовиш и Гевгелија по тринаесетти пат ќе маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.
Традиционалната детска манифестација „Снежен град“ почнува денеска на Попова Шапка во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ - Скопје.
Еколошкото здружение ‘Еко герила” ќе поднесе кривична пријава до Обвинителството за оние кои изминатиов период го труеја Тетово и предизвикаа така наречена бавна смрт кај голем дел од населението.