Членовите на спортско риболовното здружение „Кочански рибар“ денеска го реализираа третото порибување на водите на езерото Градче крај Кочани. Притоа беа пуштени примероци од матичен крап со вкупна тежина од околу 180 килограми. Во водите на Градче членовите на ова здружение пред неполн месец пуштија 50 килограми рибен подмладок.
– Порибувањето го реализиравме со помош на општината Кочани и неколку приватни комании. Годинава планираме да извершиме уште едно порибување, со што ќе го збогатиме рибниот фонд во езерото Градче, на задоволство на нашите членови рибари и другите спортски риболовци, истакна Димитар Димитров претседател на Кочанското спортско-риболовно Здружение.
Според него се планира рибниот фонд во езерто Градче наесен да биде збогатен и со извесни количини на пастрмка.