Македонски железници – Транспорт годинава по повод велигденските празници ќе ја вклучи во сообраќај новата патничка гарнитура брендирана како „Велигденски воз“.

Возот со мотиви од велигденското чествување ќе сообраќа на релација Скопје – Гевгелија – Скопје.

– „Велигденскиот воз“ ќе биде одлична можност за сите патници да уживаат во своето патување и да го почувствуваат духот на претстојниот празник, се наведува во соопштението од Македонски железници – Транспорт.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2017 16:05