Амбасадата на Шведска во Скопје и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ првпат организиираат 14-дневен предизвик за одржливо живеење во регионот кој ќе започне денеска, а ќе заврши на 14. декември, годинава.
Обезбедување новогодишни подароци за децата кои живеат во сиромаштија има за цел кампањата „И јас сум Дедо Мраз“ која почнува денеска.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 8 декември 2017 година (петок), „Св.Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Во Скопје денеска ќе се одржи тркалезна маса посветена за предизвиците и проблемите на граѓаните при користењето на услугите од јавната администрација.
Во тек е рокот за поднесување барања за финансиска подршка за предадено винско грозје во домашна регистрирана винарска визба и висината изнесува два денари по килограм. Крајниот рок за поднесување апликации е до 25 декември.
Со проектот ЕУ обезбеди 7,7 милиони евра за изработка на детална проектна документација и тендерска документација за изградба на новата железничка линија во должина од 63 километри.
Иницијатори на поставувањето се членовите на „Здружението на граѓани од Мавровско-горнореканскиот крај“ кои најавија дека се подготвуваат за негово осветување, додека наскоро ќе се започне и со соодветно осветлување.
Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, посочува дека новата кампања „Види ја способноста, а не попреченоста“ се однесува на ослободување на потенцијалот на секое дете и дава осврт на ставовите што ја попречуваат инклузијата.
Во однос на заболените по возрасни групи, најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 63,8 отсто, а најголема инциденца се регистрира кај лицата над 65 години.
Здружението „Хепар центар“ -Македонија со седиште во Битола со повеќе активности ја реализира акцијата Европската недела за тестирање на хепатитис и ХИВ, како и акцијата Европската недела за подигнување на штетноста од алкохолот.