Стојаноски по потпишувањето истакна дека после 38 години Охрид ќе добие нов објект за потребите на основното образование во градот.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи ќе претседава со 15-от состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација кој ќе се одржи на 19 и 20 јуни во Скопје.
Во тек се уписите за летните менторски програми на Семос Едукација кои се одржуваат трета година по ред преку летниот период, за кои ќе бидат доделени и две целосни и повеќе делумни стипендии.
За градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, овој проект е уште една потврда за сериозниот и професионален однос на општина Струмица во поглед на искористувањето на европските фондови.
Советот на Општина Виница донесе одлука со која во иднина висината на надоместокот за пазаришна такса ќе изнесува 350 денари за тезга од еден метар квдратен. Сумата ќе се наплаќа за пет дена во неделата, односно нема да биде вклучен износот што се однесува за редовен пазарен ден.
Состојбата со колекторскиот систем во Охридското Езеро е лоша, оценија првите луѓе на јавните претпријатија „Проаква“ од Охрид и од Струга, Владимир Алексиоски и Јетон Шакири и охридскиот градоначалник Јован Стојаноски при денешната посета на пречистителната станица во струшкото село Ложани.
ЈП „Македонски шуми“ почнува со сертификација на шумите. Како што соопшти денеска, сертификацијата ќе се спроведува според ЕФЦ програмата што се користи во европски и светски рамки.
Еко акција на Тиквешкото Езеро реализираше денеска Еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци. Ученици од неколку основни училишта и од кавадаречката гимназија, собираа отпад од брегот на вештачката акумулација, втора по големина во државата.
Времената депонија за комунален отпад, која се гради кај селото Ново Конско преку УНДП со јапонски грант, треба да биде готова до крајот на август и ќе биде дел од регионалниот систем за управување со отпад.
Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година во Струмица, денеска беше одбележана 17-годишнината од загинувањето на најмладиот бранител, Кољо Китанов.