Стотина млади програмери и студенти по информатика ќе учествуваат на шестиот по ред „Codefest“ програмерски маратон што викендов се одржува во Охрид.
Концесионерот за спортски риболов на акумулацијата Палурци кај Богданци изврши порибување со 450 килограми крап.
Предавање на тема „Национална и меѓународна безбедност и меѓународни односи“ ќе одржи денеска американскиот амбасадор Џес Бејли на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.
Семејството Петрови од селото Куклиш од државата бара да му биде исплатена отштета од 275 илјади швајцарски франци за неправилна одлука на судија од Основниот суд во Струмица од 2006 година.
Во Турскиот културен центар „Јонус Емре“ - Скопје беше одржана церемонија на доделување сертификати за завршен курс по турски јазик за припадниците на Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана.
Производители на пролетна зелка во селото Сарај, Струмичко, со мирен протест го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени, кои денеска паднаа на 8 денари за килограм. Велат дека оваа откупна цена е неисплатлива и не можат да ги покријат основните трошоци.
Околу 600 парчиња неексплодирани убојни средства беа уништени на Криволак, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување, со логистика на министерствата за одбрана, внатрешни работи и здравство.
Трибината ќе се одржи утре, а се организира по претходно спроведените полски демонстративни опити во повеќе региони кои требаше да ги потврдат позитивните својства на подобрувачот на почва „Тераграмин“ што го произведува „Скопски легури“.
Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе спроведе акција за уништување неексплодирани убојни и други експлозивни средства пронајдени и отстранети од страна на пиротехничарите на Дирекцијата.
Загрижувачки информации од месечните билтети на Институтот за јавно здравје.Во текот на месеци март, пријавени се 8 нови случаи на ХИВ/СИДА.