Нивото на Охридското езеро и денеска е 26 сантиметри над дозволениот максимален водостој.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека континуирано ја следи состојбата со откупот на зелката и откупната цена и најави дека негови претставници денеска ќе остварат заеднички состанок и со производителите на зелка и со откупувачите.
На регионалниот пат Охрид-Кичево, во близина на болницата Св. Еразмо е прегазено мало мече.
Општина Охрид во иднина строго ќе го контролира поставувањето урбана опрема во градот и нема да толерира никакви злоупотреби и нелегално поставување маси, тезги на јавни површини. Истовремено се највени сонации за сите правни лица што имаат поставено урбана опрема без соодветно одобрение.
Можностите за соработка во делот на економијата и инфраструктурата и изучувањето на италијанскиот јазик во училиштата беа тема на разговор меѓу италијанскиот амбасадор Карло Ромео и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Охрид оствари работна средба со неговиот албански колега, министерот за земјоделство и рурален развој Нико Пелеше.
Производители на пролетната зелка денеска незадоволни поради намалената откупна цена на зелката ги блокираа влезот и излезот на село Муртино.
Храна, сокови, јајца, велигденски бои, украси и стикери може да се донираат во рамки на хуманитарната акција „Стопли срце-Велигденска трпеза за сите“ наменета за социјално загрозените семејства.
Од издавање под концесии на простор и искористување на минерали, со кои располага општина Дебар, во текот на минатата година во општинскиот буџет се слеале 3.303.000 денари.
Градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, заедно со градоначалници од пограничните општини, кои гравитираат до Преспанско Езеро наскоро ќе промовираат заедничка туристичка понуда и документ за афирмација на Преспа како туристичка атракција.