Македонија е земја со неискористени рурални капацитети. Европската унија преку проект ќе се обиде да ги задржи младите во селата. Имаат за цел градење на капацитетите за да станат фактор во креирањето на локалните политики.
Поранешен директор на средното општинско училиште „Св.Наум Охридски“ во Македонски Брод бесправно вработил професор и ангажирал воспитувач, а ја рентал спортската сала без да ги пријави средствата. Директорот го оштетил училишниот Буџет за повеќе од 5.700 евра.
Две недели по спасувачките акции на планината Шара кога беа пронајдени исчезнатите француски, косовски и македонски државјани, Планинска спасителна служба (ПСС) објави видео.
Две болни дечиња на возраст од шест и осум години од штипското село Почивало со возила на АРМ попладнево се однесени во општата болница во Штип.
Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, родната Струмица ја одбележа четиринаесет годишнината од неговата смрт.
Снежните врнежи низ цела држава го отежнаа и забавија патниот сообраќај, кој се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, и со забрани и ограничувања за тешки товарни возила на планинските превои и дел од патиштата. Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 метри на Попова Шапка.
Припадниците на Првиот механизиран пешадиски баталјон, денеска во кумановската касарна „Боро Манков“, со воена свеченост го прославија 26-ти февруари, Денот на единицата.
Со оглед на неповолната временска состојба и минусните температури, Министерството за труд и социјална политика апелира до граѓаните да пријавуваат случаи на бездомништво во Црвениот крст и во центрите за социјална работа.
По повод 74-годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу, делегација на Советот на Град Скопје денеска положи цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу.
Просечната цена за откуп на тутунот достигна 217 денари по килограм. Над 30 илјади семејства кои се занимаваат со производство на тутун годинава ќе остварат сериозен приход.