Согласно концесијата ние како риболовен клуб сме обврзани секоја година да извршиме порибување и тоа го правиме 6 години по ред. Како концесионери имаме потпишано договор со агенцијата за обезбедување „МК“, оттаму доаѓаат овде на наш повик.
Јавна дебата на тема: „Политичко учество на лицата со попреченост“ се одржа денеска во Куманово, во организација на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, по повод Меѓународниот ден на човекови права.
Кривични пријави за повеќе лица поврзани со издавањето концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини, најави Ангел Наков од Здружението на граѓани „Спас за нас“ од Гевгелија.
Со инвестиции од 300 милиони евра за енергетска ефикасност во зградите во колективно домување во Македонија за пет до осум години ќе се обезбеди заштеда на 30 до 50 проценти од потрошувачката на енергија за греење и ладење.
Земјоделците не се задоволни од Министерството за зeмјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и неговата работа ја оценуваат со „двојка“, покажува најновата анализа на Рурална коалиција.
Едно лице е рането во пукотница што попладнево околу 14 часот се случила во Охрид, на булеварот „Туристичка“ кај пресекот со улица „Бистрица“.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Лицата кои што побарале лекарска помош биле дијагностицирани во периодот од 3 до 7 декември. Тие биле со лесна клиничка слика и не биле хоспитализирани.
Наодите од испитувањата на „Билјанини извори“ покажуваат дека водата содржи патогени бактерии и дека не е безбедна за пиење, соопшти Центарот за јавно здравје-Охрид.
Како што изјави Владо Муковски, конзерватор од Конзерваторскиот центар значајно е што на живописот е откриена претстава на „Страшниот суд“ од Библијата.