Со средства од Европската унија во висина од 2,3 милиони евра кофинасирани од Министерството за локална самоуправа, УНДП во наредните 30 месеци ќе го спроведува проект „Подобрување на управувањето на локално ниво“.
Дваесеттина коњаници од Горно Лисиче денеска ќе го почнат 39. „Илинденски марш 2017“ кој треба да заврши на 2 август во Крушево.
Со дваесеттина настани, преку 40 учесници и петдневна програма под мотото „Градиме нови генерации“, денеска во Струга почнува јубилејното 5. издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“.
Со формирање Поворка во Домот на културата во Крушево, вечер почнува годинашната манифестација „Крушево етно град“.
Во Прилеп денеска се одбележуваат 60 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто.
Дојранчани утре ќе излезат на референдум на кој ќе гласаат дали се „за“ или „против“ отворање рудници на територијата на нивната општина.
Околу четиристотини куќи во Порој се без вода за пиење по вчерашното невреме што го зафати овој крај, информираше претседателот на месната заедница од ова тетовско село Сулејман Рамадани.
Тој истовремено ги повика сите советници независно од политичката припадност да дадат целосна подршка за предлогот и позитивна одлука за распишување на референдум.
Во Кочани ќе се градат пешачки и велосипедски патеки и ќе се реконструира стариот објект во планинарски дом на терените на Пониква на Осоговските планини во рамки на проектот „Планински велосипедски рај“.
Во насока на промовирање на туристичките капацитети на Охрид и негова популаризација како уште попрепознатлива туристичка дестинација во светски рамки, отворен е нов веб-портал VisitОhrid.mk со содржини за градот исклучиво на англиски јазик.