Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот , ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањетп на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.
Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува денес во 17:15 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
На крајот на минатата учебна година (2016/2017) во редовните основни училишта имало 190. 225 ученици, што е зголемување за 2.8 проценти во однос на претходната 2015/2016 година, соопшти Државниот завод за статистика.
На македонскиот пазар не е реализиран узвоз на небезбедно месо од белгиска компанија „Валомел“, која според пишувањата на некои медиуми, наводно извезувала небезбедно месо на косовскиот пазар, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА.
Дванасет предложени општини за избор за спроведување на ROMACTED се Берово, Битола, Гостивар, Велес, Виница, Дебар, Кичево, Кочани, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип. Градоначалниците на овие општини присуствуваа на конференцијата.
Да се формира посебно извршно тело со одговорност за подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата за да се намалат несреќите и бројот на жртви и повредени, предлага Министерството за транспорт и врски.
Под мотото „Денови на водата” денеска во Скопје почнуваат настаните и активностите со кои ќе биде одбележан Светскиот ден на водата, 22 Март.
Пред Владата и во неколку градови низ Македонија денеска се одржуваат протест против усвојување на Законот за употреба на јазиците, кој беше донесен на 15. март во Собранието.
По вчерашното невреме во Охрид заседаваше Кризниот штаб на градот кој констатирал дека најголеми оштетувања од големите бранови предизвикани од силниот ветер има на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад.
По протестите кои вечерва се одржаа пред домот на пратеникот Далибор Богдановски од Сопиште, жителите на општината Аеродром протестираа и пред домот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски.