За учесниците организирани се различни забави и гостување на познати рапери, водители и диџеи.
Од Здружението информираат дека ја продолжуваат традицијата на учество во искачувањето на Голем Кораб, кое се одржува по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Ѕвони за час! Возете внимателно дечињата тргна на училиште! е слоганот под кој ќе се реализира новата едукативна кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Градинките во општина Карпош од утре нема да воведат втора смена. Градоначалникот Стевчо Јакимовски ја оцени идејата како добра, но вели дека градинките не се во можност да воведат ваков режим на работа од повеќе причини.
Решавање на функционалноста на регионалниот пат Прилеп – Ресен, односно на обиколницата над Битола, бараат компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија.
Заврши рокот за аплицирање за неповратни 10.000 евра финансиска поддршка за млади земјоделци за почнување земјоделска дејност. Според Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), за мерката конкурирале 662 лица.
Работилниците се водени од кореографот и професор Мартин Сондеркамп и визуелен уметник Дарко Драгичевиќ, како и драматургот Ивана Ивковиќ и групата на професори Гисела Мулер, Рок Вевар, Грегор Камникар, Дејан Срхој.
Сите земјоделски култури трпат последици од топлото време зашто нема доволно влага во почвата. Врнежите денеска и утре веројатно нема да ги сменат драстично состојбите ако интензитетот е слаб, велат агрометеоролозите.
Со голем црковно-народен собир во манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ во Лешок денеска се одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица или во народот познат како Голема Богородица.
Стотици граѓани присуствуваа на вечерната богослужба за празникот Успение на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Голема Богородица, која се одржа во манастирот Трескавец, во црквата која го носи името на Успението на Мајката Божја.