Станкоски најави дека денеска во посета на комбинатот е висока делегација од големиот светски производител „Филип Морис“ и стратегиски партнер на комбинатот. Разговорите и преговорите се во два сегмента: откупот на тутун и производството на цигари.
АД „Електрани на Македонија“ во правец на обезбедување поголема транспарентност во работењето на својата официјална веб-страница почна да ги објавува податоците за нивото на Охридско Езеро, информираат од компанијата.
Дваесет и шестото издание на најголемата стопанско-културна манифестација во Кочани, „Денови на кочанскиот ориз“ започнаа синоќа со изложба на ликовни дела на членовите на Школата за цртање и сликање која работи при Центарот за култура „Бели мугри“.
Од недела почнува официјалната ловна сезона за лов на дива свиња, срна како и за младенчиња - едногодишни и двегодишни од срна, муфлон женски и младенчиња-едногодишни и двегодишни од муфлон и дивокоза заедно со младенчиња - едногодишни и двегодишни од дивокоза.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го претстави стадионот „Младост“, непосредно пред квалификацискиот меч против Лихтенштајн, и тоа со прекрасни фотографии направени од птичја перспектива.
Тројно е зголемено нивото на Дојранското Езеро од просечните – 83 сантиметри за септември, на 179 сантиметри, покажува денешното хидролошко мерење.
Здружено, со несебично споделување на стекнатите вештини и искуства во извршување на постапките помеѓу припадниците од армиите учеснички на „Здружена реакција-17“.
Владата на Република Македонија денеска го усвои Акцискиот план за постапување по предметите за настанатите штети од временските непогоди што се случија во 2016 година, а што беше започнато според одредбите од Законот за заштита и спасување.
Протестот на жителите од село Блатец Виничко против изградбата на мала хидроцентрала на река Блатешница вроди со плод.
Сара Илиевска и Ардита Зулфиу се победници на четвртиот конкурс за најдобар млад преведувач „Вавилон“ кој го организира Делегацијата на Европската Унија во Скопје во соработка со Здружението на преведувачи и толкувачи.