Гостиварската муфтинија ги привршува подготовките за овогодинешното заминување на аџилак. Во организација на Исламската верска заедница (ИВЗ) од Гостивар и околината на ходочастието ќе одат 217 лица.
Претседател на СРД „Шаран“ Горан Стоименовски, истакнува дека како риболовно друштво концесионер на езерото Калиманци, се загрижени за истекувањето на нафтата во почвата покрај патот која може да доведе до загадување на подземните води
Општина Кисела Вода известува дека утре, патот кон Теферич ќе биде затворен за сообраќај.
Стотина планинари од Македонија и Бугарија викендов учествуваа на дводневниот планинарски марш „Голак 2017“ организиран од планинарското спортско друштво „Голак“ од Делчево, на планината Голак.
Планинарите од Крива Паланка, членови на здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ вчера се искачија на највисокито врв Вихрен на Пирин Планина во Република Бугарија.
Штипските пчелари бараат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се прогласи елементарна непогода поради редуцирањето на пчелните семејства.
Нов активен шумски пожар од денеска има над селото Богојци, општина Струга, додека пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село во прилепско е ставен под контрола.
Градоначалникот на Прилеп, Маријан Ристески на социјалните мрежи ги повика Прилепчани да се приклучат кон локализирање и гаснење на пожарот.
Викендов планината Голак ќе биде домаќин на стотина планинари од Македонија и Бугарија организирани на дводневниот планинарски марш „Голак 2017“.
Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ в сабота на Охридското Езеро ќе се одржи првиот Олимписки пливачки маратон во должина од десет километри.