Ангелов денеска информираше дека во текот на вчерашниот ден имало 37 пожари на отворен простор, а денеска до 16 часот 23. Од нив, како што рече, пет се изгаснати, осум се ставени под контрола, а десет се активни.
Шумската полиција од Велес од денеска има нов командир, Борче Коцев од Лозово, инженер за заштита на животна средина со диплома од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Тој веќе 15 години работи во Шумската полиција Велес.
Ветеринарните инспектори да ги усогласат своите смени со оние на цариниците, за да се овозможи побрз проток на стоки на границите. Ова го иницирала Царинската управа на првата средба со новото раководство на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Со тоа, како што се наведува во соопштението од ЗЕЛС, ќе им се овозможи на општините да реализираат објекти кои се исклучиво од јавен интерес (градинки, училишта, амбуланти, катни гаражи.... ), односно во интерес на граѓаните.
До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура наместа и над 40°C поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури, соопшти УХМР.
Десанка Илова е нов раководител на Подрачната единица на Фондот за здравство во Велес. Станува збор за 39-годишен дипломиран економист со осум ипол години работно искуство во Подрачната единица на Фондот за здравство во Велес.
По средбата со градските власти, адвокатот Жаре Стеваноски рече дека добиле ветување дека до четврток прилепскиот градоначалник Борче Јовчески ќе закаже средба со директорот на ЈП за државни патишта.
Според Лимани, токму младите можат многу да придонесат во градење на инклузивни и одржливи локални политики.
Тежок пожар има и на територијата на Ресен, кој се спушта кон Стење, на тешко пристапен терен и постои опасност да влезе во шума. Се дејствува со доброволцио од Црвениот крст од Планинската спасителска служба, помогнати со лица од Националниот парк Галичица.
Зголемен е бројот на повици во Брзата помош во Велес за време на викендите, информира за МИА д-р Надица Мицева, дежурен лекар во службата. Таа вели дека во текот на денот има по 5 до 10 повици од граѓаните, а во текот на ноќта по десетина.