Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и претседател на друштвото „Сонце“ Васил Стерјовски, присуствуваше и на 53. Семакедонска средба во Трново, каде што традиционално престојува секој Илинден.
Според последните информации од Територијалната противпожарна единица, за локализирање на пламенот потребен е засилен ангажман од локалното население и од екипите на Подржужницата на „Македонски шуми“, чија поддршка засега отсуствува.
Во деновите од викендот, особено утре во попладневните и вечерните часови, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.
Во моментов во државата активни се девет пожари од кои најтешкиот е на Осоговските планинини кој е на недостапен терен, а нови пожари се регистрирани на териториите на Охрид и Скопје, вели во видео порака директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Делчевско-каменичкиот епископ г. Марко, денеска, го освети светиот Крст на тврдината Градиште во делчевското село Град.
Ова се случува по седум години, до кога беше традиционална и се одржуваше секоја година на празникот Илинден.
Тоа денеска го посочи проф. д-р. Владо Поповски на неговото предавање одржано во Куќата на Уранија – МАНУ во Охрид, во рамки на активностите на Академијата насочени кон одбележувањето на 80 години од АСНОМ
Делегации од Општина Крива Паланка, од државните и локални институции, политички партии и здруженија, денес положија цвеќе на споменикот на паднатите борци од Народноослободителната борба пред зградата на општината, во чест на 2 Август, Илинден.
За историографијата и значењето на двата Илиндена говореше членката на Советот на Општина Струмица, Елена Магеровска Паликарова.
Тие во конкуренција од шеесеттина пливачи од земјава и од странство први ја испливаа патеката во должина од 2,5 километри од кај плажата Горица 1 до Кејот на езерото во Охрид.