Времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=9
Локализиран големиот пожар кој вчера избувна над пехчевското село Негрево. Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, откако синоќа се закануваше да го зафати градот Пехчево, заради што градот денеска цел ден беше мобилизиран.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска се сретнал со американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.
Турска делегација на чело со амбасадорот на Република Турција во земјава Фатих Улусој денеска ја посети општина Велес. Амбасадорот го придружуваа советникот и заменик-амбасадор Мухамед Челикаја, советникот за верски работи Мустафа Бодур и советникот за трговија Синан Танроен.
На потпишувањето на договорот од страна на Ристовски и Живорад Васиќ, директор на IHG Hotels and resorts за источна Европа, беа присутни и премиерот Христијан Мицкоски и претставници на Американската амбасада.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска на 28 корисници на дивечот во ловиштата им врачил 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата.
Хеликоптери на МВР на Србија во моментов го гаснат пожарот што гори на планината Козјак над манастирот Прохор Пчињски. Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот, јави дописникот на МИА од Белград.
До крајот на денов сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во текот на вчерашниот ден на територија на државата имало вкупно 66 пожари на отворено и шумски пожари. Од вкупниот број на пожари, 51 целосно се изгаснати, три пожари се ставени под контрола, а во моментот активни се 12 пожари.
Искра од апарат за заварување е причина за пожарот што вчера во попладневните часови се случи во трговскиот центар „Блис“ во Битола