Дали Стевчо Јакимовски барал од Димитар Ковачевски да му ги одземе ингеренциите, за со одлука на влада да се бетонизира кај Алумина?
Редиците зад мене се резултат на неспособноста на Оливер Спасовски и на Владата на СДС со ДУИ, кои што се неспособни да овозможат граѓаните на достоинствен начин да извадат лични документи!
Денешната изјава на Меџити дека ЌЕ набавувал возила за итна помош е “најголема лажна вест во историјата на државата” и воопшто не кореспондира со фактичката состојба, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
- Особено сме горди што денес ВМРО-ДПМНЕ и НДИ потпишаа Меморандум за соработка со што уште еднаш ја потврдивме меѓусебната соработка, се вели во соопштението.
-Значи, експлицитно претседателот кажа тоа што ние сме кажале не еднаш туку десетици пати и преку што нашиот министер за правда исто така се залагаше. Ова е моја констатација, рече Снопче.
Во оценката на говорот на Пендаровски, Зендели истакна дека имало само констатации што сите ги знаеле. Требало, како што рече, во вакви обраќања претседателот да има и насоки - во која насока работите да течат и како да се разрешуваат.
Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми рече дека сите теми со кои сме се соочиле во последниве четири-пет години биле застапени во обраќањето на претседателот Стево Пендаровски.
Тој потенцираше дека на претстојните избори ќе се судрат два политички блока, два концепти-проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица. Како што рече, тие се закана за европскиот пат и иднината на државата и затоа ќе бидат поразени.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Свети Николе истакна дека се уште се консултира со соработниците за нивно учество во Државната изборна комисија, бидејќи се уште не е избран член од опозицијата во ДИК.
Тоа е начинот на кој што они мислат дека со ваков тип на вработувања ќе го ублажат поразот и ќе му создадат проблеми на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски