Се чувствуваш несигурно, денот ти започнува и завршува со грижи како да го поминеш наредниот ден, неизвесноста ја поткопува твојата самодоверба и пречесто се наоѓаш во кругот кој ти носи разочарување.
СДСМ ги излажа младите. Младите се понижени и без перспектива. Оваа власт не знае и нема идеја како да го подобри животот на младите луѓе.
Гаранција за млади, пилот проектот на Владата предводена од СДСМ , покажува одлични резултати. За само три месеци од неговото спроведување се вработиле 419 лица, 196 почнале да посетуваат обука, а 160 почнале пракса во некоја компанија.
Зоран Заев ја понижи Република Македонија и трајно ги наруши нашите меѓународни позиции. Тој прифати обезличување на сопствената држава и народ, промена на Уставот, идентитетот и јазикот.
Поранешниот полициски генерал и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов најави дека ќе го напушти МВР поради политички ангажман во иднина. Тој преку статус објавен на Фејсбук му се заблагодари на министерот Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата година.
Откако е дадена заклетвата на премиерот Уставот и законите се прекршени толку многу, што се прашувам дали е потребно во Република Македонија да имаме Устав и закони кога првиот човек на владата на Македонија кој се заколнал дека ќе го штити Уставот, тој веќе го прекршува, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска на денешната собраниска седница.
На ВМРО-ДПМНЕ и беше потребна дополнителна прес-конференција за да ја покрие безидејноста и немањето аргументи на нивната пратеничката група.
СДСМ со капитулантскиот договор ги обесчестува Република Македонија и нејзините граѓани. Со срамниот и капитулантски договор Зоран Заев се откажува од името, нацијата, идентитетот, македонското малцинство насекаде во светот.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски побара од премиерот Заев да не манипулира со јавноста бидејќи како што рече Македонија не добила датум за преговори.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ го изразува своето незадоволство од начинот на кој што се закажа денешната седница за поставување на пратенички прашања.