Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со македонската дијаспора во Словенија и членови на задграничните комитети на партијата.
Во текот на вчерашниот ден во Цеље, Република Словенија свое обраќање на изборната конвенција на Словенечката демократска партија на Јанес Јанша имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гостуваше во интервју на словенечката телевизија Нова 24 ТВ. Тој во интервјуто се осврна за регионалната соработка, соработката со партијата на Јанес Јанша, како и економската состојба во државата и разговорите околу спорот за името.
Во врска со информациите изнесени во јавноста од премиерот Зоран Заев за наводно навремено информирање на опозицијата, поточно ВМРО-ДПМНЕ со детали од преговорите за спорот за името сакаме да го изнесеме следново:
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје кое стопанисува со паркинзите во општината не врши уплата на комуналната такса на сметка на Буџетот на општината која изнесува 6,3 милиони денари или околу 100 илјади евра.
Веќе е познато дека фирмата „Тотал Инжинеринг“ во сопственост на братот на премиерот Зоран Заев – Вице Заев прави бизнис тежок 4,5 милиони евра по принципот купи-продај земјиште во Струмичката касарна на кое сега градат згради.
Срамно е образложението дека таканаречениот Командант Хоџа самиот одлучил да се повлече од висока владина функција веднаш до премиерот заради тоа што ја сакал Македонија.
Денеска 11.05.2018 година, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, оствари средба со претставници на Пан Европската Унија, која е најстара организација, чија цел е обединување на Европа.
Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, ја киднапираа државата и наместо за државниот, работат за личниот и партискиот интерес.
На економски план за жал мораме да констатираме дека Република Македонија во последната година забележува доста негативни резултати.