Станува збор за една тешка ситуација и за тоа сведочат многу мои средби кои што ги имам на дневна основа со пензионерите ширум Република Македонија. Моменталната ситуација е изневерени очекувања и празни ветувања, вели Мицкоски.
Од почетокот на годината они имаат само нето 312 милиони евра зголемен државен долг, а без притоа да имаат реализирано ниту една капитална инвестиција.
ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи ниту ќе поддржи во иднина постоење на таков закон за двојазичност. Таков закон за ВМРО-ДПМНЕ не постои, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Има една нова генерација на политичари која конечно треба да направи нешто за оваа држава за да може оваа држава да застане на здрави нозе кои што понатаму и здраво ќе газат во иднина.
Мицкоски посочи дека од сите нивни заклучоци, сугестии и критики политичарите треба да извлечат поука и да ја дефинираат траекторијата по која треба да ги движат политиките.
Криминалниот картел ја приватизира државата. Постои сомнеж дека фирмите на Заеви преку РЕК Битола земаат пари од државниот Буџет.
ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е симбол на криминал и расипништво и партија што за време на своето 11-годишно криминално владеење за тројно го зголеми долгот на Република Македонија за остварување криминални интереси, нема никаков кредибилитет да зборува за економија.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, и покрај тоа што владејачкото мнозинство денеска одби да го стави на дневен ред законот за намалување акцизата по скратена постапка, се надева дека текстот ќе го поддржат во редовна постапка.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на денешната 45-седница на Собранието побара збор да се обрати пред колегите пратеници, што по кратко дебатирање со претседателот на Собранието му беше дозволено.
Премиерот Заев не негираше дека во минатото компанијата на неговиот брат „Тотал Инжинеринг“ располагала со механизација за ископ и превоз на јаглен.