Наместо Петре Шилегов да глуми градинар, да прави спектакли од поместување автобуски постојки и да глуми диџеј време е да сработи нешто.
Заради остварување на криминални и бизнис интереси, ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски со години ги уништуваа парковите и зелените површини низ Скопје со што градот стана еден од нај загадените во Европа.
Лицемерна е наводната загриженост за говор на омраза на ВМРО-ДПМНЕ, кога токму оваа партија е позната по говорот на омраза и дискриминација што со години ги практикува.
СДСМ и Роберт Алаѓозовски се неспособни да управуваат со културата во Република Македонија. Културата и уметниците се жртва на заробената држава од страна на власта.
Изминуваат првите 100 дена од поставувањето на вториот министер за здравство на Владата предводена од СДСМ, а веќе јавноста е револтирана бидејќи после толку време не е реализиран ниту еден проект со бенефит за пациентите во Република Македонија.
Петре Шилегов упорно ни докажува дека и дното може да биде пробиено. Шилегов го претставува садењето на дрва како некаков мега проект, но тоа е негова редовна работна обврска.
Движењето БЕСА и нејзиниот претседател, Африм Гаши, смета дека скандалот на објавувањето на збирката песни од Агенцијата за млади и спорт, во која се користи навредлив јазик кон Албанците, не треба да помине без казнување.
ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста дека нема да има лидерска средба ниту било каква друга средба поврзана со информација околу текот на разговорите за проблемот што Република Грција го има со нашето уставно име.
На Генералното собрание на Младинската организација на Демократска обнова на Македонија, кое се одржа овој викенд во Скопје, делегатите од општинските организации на МОДОМ избраа ново раководство.