Неспособноста и криминалните тендери на ВМРО-ДПМНЕ ја оставија патната инфраструктура во катастрофална состојба, а штетите од пропустите на автопатите ги чинеа граѓаните и државата стотици милиони евра.
Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Не постои поголема штета од онаа којашто ВМРО-ДПМНЕ ја направи преку 11 годишната партизација и злоупотреба на институциите, поради што Македонија долго време беше категоризирана како заробена држава.
Владиниот план 3-6-9 доживеа дебакл. СДСМ нема капацитет да ги спроведе реформите за кои презеде обврска. Затоа на овој начин, во сабота, преку соопштение кое нема ниту еден конкретен податок, објавуваат дека поминале деветте месеци и наводно го заокружиле планот.
Манчевски сам се фати во лага дека бројот на вработени е далеку поразличен од претпоставките на СДСМ кога беа во опозиција. СДСМ тогаш тврдеа дека бројот на вработени во администрацијата е 180.000, за сега кога се на власт да тврдат дека се 128.722 вработени.
Денес по којзнае кој пат СДСМ повторно се пофали со проект на ВМРО-ДПМНЕ. Новата судска зграда на Кривичниот суд во Скопје која СДСМ денес ја пушти во употреба е проект започнат и реализиран од страна на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Христијан Мицкоски и неговата партија немаат кредибилитет да зборуваат за економија поради грабежот што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните и пустошот што го остави по 11 годишното владеење.
Измина скоро цела година, а СДСМ и Сугарески не сработеа буквално ништо.
Мерката за покачување на даноци која ја најавува министерот за финансии значи дека владата планира да удри по џебот на граѓаните. Повисоки даноци е цената која треба да ја платат граѓаните за неспособноста и неработата на владата.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога бројот на лица вработени во државната и јавната адиминстрација се криеше од јавноста, Владата предводена од СДСМ за првпат јавно го објави вкупниот број на лица вработени во администрацијата.