Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, ја оценува Владата на СДСМ како најлоша Влада која Македонија ја имала до сега.
Од владината служба за информирање соопштија дека на средбата било разговарано за актуелните реформски процеси со посебен осврт на евроатлантските интеграции, како и за економските текови во Република Македонија.
Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се занимава со популистичка политика. Според него, ако се создава решение, тоа решение треба да биде применливо.
Луѓето кои што ме познаваат и кои имале можност да соработуваат со мене во минатото, знаат за каква личност станува збор. Јас сум универзитетски професор, човек со сопствено достоинство и дигнитет, карактер се разбира и така и ќе продолжам да функционирам во иднина.
Скандалозно и недозволиво е членовите на Државната комисија за спречување на корупција, институцијата која е задолжена да се бори против различни видови корупција, да се однесуваат неодговорно и расипнички во трошењето на парите на граѓаните, бидејќи следењето на неодговорно и коруптивно трошење на буџетските пари е суштината на нивната работа.
За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ парите од скапите и задолжувања расипнички и криминално ги трошеше на барок, споменици и луксуз, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со јавните финансии ја стабилизира економијата и обезбедува повеќе пари за граѓаните.
Наместо натамошна професионализација, власта го партизира Министерството за одбрана. СДСМ го претвори МО и Военото разузнавање во институција за вдомување и унапредување на партиските кадри.
Власта не работи ништо. Нема капитални инвестиции, нема проекти за потребите на граѓаните, нема развој. Владата одвои само 4 милиони евра за капитални инвестиции во месец јануари. Тоа е само 1% од годишно планираните капитални инвестиции.
Шпекулација е дека ВМРО-ДПМНЕ се договорила со владејачките партии да се врати во Собранието и да се изгласа законот за јазици, а за возврат на тоа да бидат ослободени притворените за случувањата во Собранието на 27 април, рече денеска претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски.
Проекти нема, повисоки плати и пензии нема, подобар стандард нема! Сведоци сме на економски тероризам врз Македонија и нејзините граѓани!