Лазар Еленовски претставува исклучително стручен познавач на евроатлантските интеграции и со своето знаење и експертиза ќе обезбеди значаен придонес во евроатлантските аспирации на Република Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес (28.02.2018 година) придружуван Генералниот секретар, Игор Јанушев и членот на Извршниот Комитет, Игор Николов оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.
На работните групи во Собранието во кои учествува ВМРО-ДПМНЕ не се разговара за Законот за двојазичност. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за двојазичност е непроменет.
За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ парите од скапите и нетранспарентни задолжувања расипнички и криминално ги трошеше на барок, споменици и луксуз, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со јавните финансии ја стабилизира економијата и обезбедува повеќе пари за граѓаните.
СДСМ неконтролирано и без основа се задолжува. Власта вчера не задолжи за 33.2 милиони евра, односно 6.7 милиони евра повеќе од првично планираните и побараните 26.5 милиони евра.
Александар Николовски за nezavisen.mk
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и со тоа да работи на штета на граѓаните и на Република Македонија. Претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев во интервјуто за Ројтерс ги повтори досегашните ставови коишто и се познати на јавноста и соопшти предлози кои се со географска одредница и кои доаѓаат од медијаторот Метју Нимиц.
Зоран Заев за реномирани меѓународни медиуми изјавува дека е подготвен за одредени отстапки во однос на грчките барања за менување на Уставот, а потоа владата се обидува да го корегира и да ги појасни неговите позиции.
Пред очите на целата јавност гледаме како се одвива вистински хаос креиран од владата и премиерот во поглед на најсуштинското прашање, а тоа е спорот со нашиот јужен сосед, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Ова е локацијата на којашто локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ сака самоволно да постави споменик, односно да го премести споменикот на Андон Јанев Ќосето и на денешната седница, Советот на Општина Сопиште го побара споменикот за да го постави на оваа локација.