Неодговорно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за граѓаните на Куманово, кога токму оваа партија цели 11 години ги игнорираше проблемите и потребите на жителите на општина Куманово.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поведе надворешно политичка иницијатива за пристапување на Република Македонија кон иницијативата „Три мориња“ во која што членуваат дванаесет европски земји во триаголникот на морињата од Балтикот, од Црно Море и од Црно Море до Јадранското море.
Зоран Дамјановски - Циц го нема веќе, но навиките останаа исти. Максим Димитриевски и после 100 дена ниту реализираше ниту отпочна барем еден единствен проект за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма од локалните избори имаше предвидено да изгради две нови градинки во Волково и Ново Село и ново училиште во општина Ѓорче Петров. Со ова требаше да се решат проблемите на граѓаните на Ѓорче Петров. Овие проекти чинат близу 2 до 3 милиони евра.
Првиот партиски конгрес на Беса ќе се одржи на 24 февруари во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, информираа од крилото на Билал Касами. Претходно, пак, од крилото на Неџбедин Каремани соопштија дека конгрес е закажан за 18 февруари во Домот на културата во Тетово.
Република Македонија го достигна дното. Република Македонија во моментов е единствена земја која има политички затвореници и е рамо до рамо со земјите во кои владеат режими.
Мицкоски посочи дека државата економски стагнира, а граѓаните секој ден живеат полошо. Остануваат проблемите поврзани со недостатокот на демократскиот капацитет на власта за сто најдобар пример е политичкиот терор врз неистомислениците кој мора веднаш да престане.
Во своето обраќање, Шилегов даде поддршка на претседателот на ДС и кандидат за градоначалник на Град Белград, Драган Шутановац.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски на мини турнеја во регионот, ќе се остварат средби со политичари од Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија.
Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ беше планирано да се изгради ново средно училиште во општина Аеродром и дополнително да се изградат 4 нови градинки на веќе постоечки локации и една комплетно нова во Долно Лисиче. Сето ова чини вкупно 4 милиони евра.