Непознати лица синоќа во Кичево ги дупнале гумите од автомобилот на потпретседателот на Алијанса на Албанците, Ремзи Мехмеди. Оштетени се и гумите од автомобилот на неговата сопруга.
Александар Николоски, еден од тројцата нови потпретседатели на ВМРО ДПМНЕ вели дека партијата оваа година ќе ја посвети на консолидација и градење политики кои ќе и овозможат враќање на власт на следните парламентарни избори.
По донесувањето на Законот за урбано зеленило, треба да се направи усогласување на урбанистичките закони со него, во рок од 6 месеци од денот на влегување во сила на законот.
Република Македонија крахира и на економски и на политички план. Граѓаните секојдневно осиромашуваат, а СДСМ носи закони кои се на штета на интересите на македонскиот народ и држава.
Не е точно дека зголемувањето на акцизата за нафтата ќе влијае на инфлацијата, ниту пак зголемената акциза значително ќе влијае на покачување на цените на мало.
Сведоци сме дека од доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев на власт, цената на дизелот во Македонија е зголемена за 30 проценти. Истовремено дополнително е обременета со зголемувањето на акцизата од 3,5 денари по литар.
Македонија доживува економско фијаско. Денеска СДСМ се задолжува за нови 24 милиони евра. И ова е трето задолжување за само три недели, со што вкупната сума за која што СДСМ ја задолжува земјава од почетокот на година се искачи на 600 милиони евра.
Денеска во Собранието поднесовме Иницијатива за донесување на Одлука за повлекување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна организација - НАТО.
Денес (23.01.2018) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев и Златко Перински оствари средба со германскиот амбасадор во Република Македонија, Томас Герберих.
Законот за јазици кој е изгласан од парламентарното мнозинство на СДСМ е неуставен, неприменлив и создава услови за нови поделби и конфликти помеѓу граѓаните.