Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски денес (18 јануари 2018-та година) оствари средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалајнен.
Кочо Анѓушев не е само бизнисмен, туку истовремено е и бизнисмен и втор човек во Владата на Република Македонија.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети по средбата истакна дека разговарале за суштински прашања важни за регионот, но и за Република Македонија, и за нејзиното членство во НАТО како фактор за стабилност не само во земјата, туку во поширокиот регион.
Македонија веќе не е правна држава. Јавното обвинителство има двојни стандарди. Едни за послушниците на Зоран Заев, а други за сите оние кои мислат поинаку.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска се вратија во собраниските клупи за да присуствуваат на обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, но најавија дека остануваат на ставот оти нема да учествуваат во работата на Собранието.
Претседателот на владејачката ДУИ, Али Ахмети во четвртокот во Скопје се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој престојува во дводневна посета со своите соработници од Северноатлантската алијанса.
Генералниот секретар на НАТО во основа ги препозна и ги поздрави реформските процеси што ги реализираат парламентарното мнозинство и Владата, а кои што се основа за нашиот европски и евроатлански интеграциски процес.
Го информиравме Столтенбрег за политичкиот прогон кој се врши во Македонија, која е единствената земја во Европа во која има жесток прогон на опозицијата.
Срамна, правно неоснована и политичка е вчерашната одлука на Апелациониот суд да го продолжи притворот на пратеникот Крсто Мукоски. Целосно неаргументирани се притворите и за останатите уметници и патриоти во врска со измисленото дело тероризам.
Со непотпишувањето на Указот за Законот за употреба на јазиците, Ѓорге Иванов повторно покажува дека не поседува капацитет да излезе од политиките на поделби и раздор во коишто е заробен со години и коишто ги промовира во секој негов јавен настап.