Очигледно е дека судиите станаа партиски послушници и војници. Јасно е дека во овој момент Република Македонија е во тотален мрак, а од правната држава нема ни П.
Би сакал да се заблагодарам на сите членови на ЦК, на Претседателот на партијата, како и на членовите на ВМРО ДПМНЕ за можноста и привилегијата да бидам Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.
Одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на лицата од настаните од 27 април е скандалозна и не се темели на факти и докази, туку на гола политичка конструкција
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека новиот состав на Извршниот комитет на партијата избран на вечерашната седница на Централниот комитет го сочинуваат силно мотивирани лица кои ќе имаат позитивен придонес во делувањето на партијата.
Поранешниот директор на ЈСП Скопје Игор Јанушев е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а за потпретседатели се избрани Александар Николовски, Митко Јанчев и Владо Мисајловски.
Владата на СДСМ економски и политички ја урива Македонија, а судот со денешната одлука влезе во сценариото на поддршка на катастрофалните политики кои водат во натамошно продлабочување на кризата и конфликтите.
Ве информираме дека некој сака да ги злоупотребува симболите на Движењето БЕСА и праќат е-маилови во име на Движењето БЕСА.
ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ги надмине политиките на создавање тензии и вештачки поделби меѓу граѓаните коишто беа главна карактеристика на оваа партија во изминатите години.
СДСМ ќе го качи јавниот долг на Република Македонија над 50 %, а самите тие велеа дека земјата е пред банкрот уште кога долгот надмина 40% во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера донесе неуставен закон за двојазичност со кој се деградира употребата на македонскиот јазик и истиот се сведува на ниво на еден од јазиците кои се говорат во Република Македонија.