Во Домот на културата во Валандово денеска од 11 часот ќе продолжи со работа 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој што се очекува да биде избран новиот претседател на партијата по оставката на Никола Груевски.
Повеќе видни членови на ВМРО-ДПМНЕ, поранешни и сегашни функционери го бојкотираат вонредниот Конгрес на партијата кој вечерва и утре се одржува во Валандово.
Претседателката на Комисијата за верификација на мандатите на делегатите на 16 вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Јакимовска истакна дека на конгресот присутни се 411 од 544 делегати.
Кандидатот за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски пред почетокот на работата на 16. Конгрес на партијата изјави дека очекува да се соберат потребниот број делегати.
Алијансата за Албанците не останува во владата, изјави вечерва премиерот Заев на гостување во „Ноќно студио“ на Телма.
Единствен кандидат за лидерското место е Христијан Мицковски. Според агендата на Конгресот, утре треба да биде избран новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Конгресот на ВМРО ДПМНЕ започна со доцнење од половина час. Делегатите го чекаа доаѓањето на лидерот во заминување Никола Груевски, а неговото доаѓање го го поздравија со аплауз и скандирање.
Илија Димовски се огласи вечерва на неговиот личен профил на Фејсбук и најави дека нема да биде дел од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Валандово денеска и утре.
Пратеникот од Сојузот на Роми, Амди Бајрам пред почетокот на продолжението на собраниската седница најави дека од денеска во Собранието ќе делува како пратеник на оваа партија, а не како дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, во барањата од Брисел, директорот Влатко Атанасоски беше директно посочен како директор кој треба да ја задржи својата позиција и не треба да биде сменет од истата како заслуга на мерит системот (во јавноста протолкувано како заслуга за тоа што е еден од водечките членови на реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ).