Денеска се собравме тука да го изразиме овој револт против полициската бруталност што се случуваше на протест на граничниот премин Табановце
Притворените се оставени да преживуваат на температури под нулата со греење два часа во денот. Ова се крајно нечовечки и понижувачки услови. Додека има греење во директорската управа притворените измрзнуваат.
Се конструираат обвиненија, се монтираат цели случаи, се со цел влевање на страв кај секој еден кој не се согласува со политиките на хунтата.
Катица Јанева и нејзините обвинители единствено што почитуваат се политичките нарачки од хунтата на Зоран Заев за пресметка со неистомислениците.
Попладнево на граничниот премин Табановце дојде до судир и буткање меѓу полицијата и демонстрантите од ВМРО-ДПМНЕ кои денеска најавија дека ќе го блокираат граничниот премин.
На Македонија и треба силно ВМРО-ДПМНЕ, а тоа може да биде силно само ако е обединето, демократско и базирано на носечката темелна идеја за добробит на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска во период од еден час ќе го блокира граничиот премин Табановце кај Куманово.
Ова е време во кое се врши велепредавство и загрозување на темелните основи на Уставниот поредок во Македонија, време на реваншизам и политичка хајка што го врши СДСМ и Зоран Заев.
Притворот за уставобранителите мора да биде прекинат, а политички монтираното обвинение за тероризам да биде повлечено. Мора да престанат изживувањата во Истражниот затвор преку нехуманите услови во кои се држат притворените.
СЈО и Основното јавно обвинителство, дополнил Груевски, функционираат како политички инструмент, целосно заобиколувајќи ги правните нормативи.