Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека веднаш штом ќе има решение за новите членови во Владата јавноста ќе биде известена, не изнесувајќи информации дали синоќа се одржал најавениот состанок со коалициските партнери.
Одлуката на судот со која се потврдуваат притворите за пратениците е срамна и доказ за политички прогон на политичките неистомисленици на власта.
Тој повика граѓаните да имаат силна верба бидејќи тоа нема да им помине. Тој кажа дека вербата која ја имаат граѓаните, ќе стигне до неправедно затворените.
На протестот на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Министерството за правда пред граѓаните се обрати пратеничката Лилјана Затуроска. Таа кажа дека две недели бараат од институциите да го слушнат гласот на народот, кој не се согласува со ненародниот режим на владејачката гарнитура.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и вечерва, како и претходните денови, присуствуваше на протестот пред Министерството за правда, кој се оддржува против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.
Македонскиот премиер Зоран Заев, за време на неговата посета во Приштина кажа дека по враќањето во Скопје, вечерва ќе има средба со коалициските партнери за пополнување на испразнетите места во Владата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска со норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнстад разговарал за актуелната состојба во државата и стратешките интереси на Македонија, соопштија од партијата.
Манојлоски повторно ја обвини СДСМ за како што кажа класичен политички реваншизам, демонстрирање на сила и силување на институциите.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат Хелсиншкиот комитет за човекови права, итно да постапи и да превземе мерки за секојдневното масовно кршење на човековите права на притворените и приведените лица.
Хунтата ги гази основните човекови права. Власта во монтиран случај обвинува десетици македонски патриоти за измислено дело тероризам. Монтираниот политички прогон има за цел да влее страв кај секој еден македонец кој си ја сака сопствената држава.